Чести прашања

Што е заверен судски превод?

Заверен судски превод е превод изработен и заверен со потпис и печат од овластен судски преведувач.

Колку чини судскиот превод?

Цената зависи од видот и обемот на документот. Во цената се вклучени три примероци од заверениот превод. Преку нашиот калкулатор можете да добиете проценка на цената пред да го испратите документот.

Пресметајте цена

Колку време е потребно за изработка на преводот?

Времето на изработка зависи од видот и обемот на документот. По прегледот на документот, ќе Ви го потврдиме рокот за изработка.

Дали треба да дојдам лично за да нарачам превод?

Не. Документот можете да го испратите онлајн, без потреба од лично присуство. По изработката, преводот можете да го подигнете лично или да добиете скенирана копија во PDF формат.

За што е потребен заверен судски превод?

Државните органи и институции ги водат управните и судските постапки на службениот јазик на државата. Документите се приложуваат во овие постапки со цел докажување факти од значење за конкретната постапка. Кога определен факт се докажува со документ издаден во друга држава или на странски јазик, потребно е документот да биде преведен на службениот јазик на државата во која се води постапката од страна на овластен судски преведувач, за да може да има доказна вредност.

Дали нудите апостил или нотарска заверка?

Не. Апостилот и нотарската заверка не се дел од нашите услуги. Ако институцијата бара апостил, го добивате од надлежниот орган во државата што го издала документот, пред да го испратите за превод.

Дали можете да преведете документ во ист ден?

Да, по договор.

Дали ми треба оригиналот од документот?

Ќе добиете превод од документот кој сте го приложиле, без разлика дали е во оригинал или во копија.

Како се плаќа преводот?

Може плаќање во готово и со фактура.

Испратете ни го документот како што Ви е најлесно и најбрзо, ние ќе се погрижиме за останатото.