Како функционира?

  1. Го праќате документот

    Испратете ни фотографија или скенирана копија од документот. Погрижете се сите страници, печати и натписи да бидат јасно видливи.

  2. Ја потврдуваме цената и рокот

    Го разгледуваме документот и Ви испраќаме информација за цената и времето потребно за превод. Откако ќе ја потврдите понудата, започнуваме со работа.

  3. Преведуваме и заверуваме

    Документот го преведуваме и го заверуваме со потпис и печат.

  4. Го добивате преводот

    Ви го предаваме готовиот превод во три заверени примероци. Доколку Ви се потребни дополнителни примероци, известете нè при нарачката.

Испратете ни го документот како што Ви е најлесно и најбрзо, ние ќе се погрижиме за останатото.