Овластен судски преведувач од англиски на македонски јазик и обратно
Литера работи врз основа на решение од Министерството за правда. Преведуваме и заверуваме документи за граѓани и компании во Скопје и Битола.
Решение од Министерството за правда
Решение за поставување на постојан судски преведувач од македонски на англиски јазик и обратно
Бр. 08-2182/2 од 18.11.2026
Министерство за правда на Република Северна Македонија
На секој превод ставаме потпис и печат на овластениот судски преведувач. Решението може да го проверите во Министерството за правда.
Нашата мисија
Нашата мисија е да обезбедиме точни, сигурни и навремени судски преводи од англиски на македонски јазик и обратно. Преку професионален пристап, ефикасна услуга, јасни цени и транспарентен процес, настојуваме секој клиент да биде услужен во договорениот рок.
Се водиме од принципите на прецизност, одговорност и почитување на времето на секој клиент.
Испратете ни го документот како што Ви е најлесно и најбрзо, ние ќе се погрижиме за останатото.